еМагазин
Image default
Балкан

„Поздрав“ до Мерко: Хрватски градоначалник заменил три службени автомобили со еден

Пред неколку дена од Бирото за јавни набавки информираа дека Општината Струга по распишаниот тендер за набавка на нови патнички возила склучила договор со друштвото за трговија на големо и мало, продажба, одржување и поправка на моторни возила и услуги „Јосифов“ ДООЕЛ увоз-извоз Битола.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е околу 113.000 евра. Предмет на набавка се лимузини „Ауди А6“, „Шкода Октавија – амбишн“ и две возила „Шкода Рапид“.

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, кој не поседува сопствено возило, како што стои во неговиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, веќе се вози во аудито и вели дека набавката на дури четири возила била неопходна, бидејќи сите возила на Општината биле хаварисани.

Неговиот колега од Хрватска, градоначалникот на Света Недела, Дарио Зуровец е многу поштедлив, иако неговата Општина стои многу добро финансиски.

Како што пишува „Пословни дневник“, Света Недела освен што е меѓу градовите кои трошат најмалку пари на службени патувања, во изминатите две години оствариле дополнителни заштеди со продажба на дел од возниот парк на градот.

За да се ослободат од непотребните трошоци, општинските власти продадале три автомобили, а од продажбата заработиле над 23.600 евра.

Со дел од парите, над 12.000 евра, купиле автомобил „сузуки свифт“, бидејќи, според градоначалникот Зуровец, автомобил од таа класа подеднакво добро ја врши работата, како и некој од повисока класа.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Мерко нема свој автомобил, но има шума и стан во Драч

“Мерко нема мерка“: Твитер за новата лимузина во која ќе се вози градоначалникот на Струга

Тендер „тежок“ 113.000 евра: Општина Струга купи луксузно „Ауди А6“ и уште три возила од „Јосифов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 23 август нема транзит низ Словенија без тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19

Редакција

Македонија не е на листата: Хрватска го укина карантинот за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора

Редакција

Рекордни 45 починати од Ковид-19 за еден ден во Словенија

Редакција