Речиси и да нема ден на социјалните мрежи да не се повикува на бојкот на изборите за претседател на државата, а како главна причина за ваквиот став се наведува дека тое е единствен начин да се казнат најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за сите досегашни промашувања.
Граѓаните демонстрираат разочараност од владејачката СДСМ поради низата непромислени политички потези во однос на заштита на националните интереси, очигледниот непотизам и искористување на владејачката позиција за задоволување на партиските интереси.
Од друга страна, на ВМРО-ДПМНЕ најмногу и се забележува за бегството на Никола Груевски и слабиот отпор во однос на промената на името на државата.
Се чини дека и двете партии сега најмногу стравуваат дека на изборите нема да се постигне потребниот цензус и дека од тоа најголем бенефит ќе има ДУИ односно претседателот на Собранието, Талат Џафери кој би ја извршувал функцијата претседател на државата.