еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во грчките учебници ќе се вклучи новото име Северна Македонија

Во грчките учебници ќе се вклучи новото име Северна Македонија како што предвидува Договорот од Преспа за соседната земја, пишува заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис во писмениот одговор на пратеничко прашање од опозициската Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашањето e испратено од пратениците Јоргос Кумуцакос и Ники Карамеос, кои го прашуваат Министерството за надворешни работи на Грција, дали во грчките учебници постојат иредентистички наводи, на што Боларис одговара негативно.

-Грција како земја членка, меѓу другото и на ООН, на ЕУ, УНЕСКО, Советот на Европа и ОБСЕ, цврсто ги почитува принципите на неупотреба на насилство во односите меѓу државите, принципите на добрососедство , на неповредливоста на границите и на избегнување на употреба на вербална омраза во пишувањето на учебниците што се користат во Грција.

Според тоа, во учебниците што се во употреба во Грција не постојат иредентизми или ревизионизми како што тие се споменати во член 9 параграф 5 од Договорот од Преспа, пишува Боларис во писмениот одговор.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

15-годишна девојка од прилепско силувана додека се враќала од училиште

Редакција

Министерството за здравство отвори посебни сметки за донации: Може да се донираат парични средства, но и опрема 

Редакција

Поради отсуство на пратениците од власта, немаше кворум за расправа за модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа на „Беса Транс“

Редакција