еМагазин
Image default
Македонија

Заев со апел до банките да ги намалат каматите и провизиите и да одобруваат повеќе кредити

Премиерот Зоран Заев ги повика банките да преземат похрабри одлуки и да придонесат повеќе за поддршка на економијата и севкупниот развој. Да преземат похрабри чекори во делот на паѓање на каматите, намалување на провизиите и флексибилност во одобрување на кредитите.

– Силно го поздравивме последното намалување на референтната каматна стапка на 2,25 проценти, кое е историски најниско ниво и сето тоа ќе предизвика и мора да предизвика паѓање на каматните стапки во банките. Зашто верувам дека и бордовите и нивните надзорни одбори ќе смогнат малку попозитивни или похрабри аспекти во нивното одлучување за намалување на каматите, на потребата од пласирање на реално огромниот обем на слободнтие средства што ги имаат банките, рече Заев од собраниската говорница.

Изрази уверување дека доколку органите на приватните банки малку повеќе го сменат курсот и бидат похрабри и поотпимистички во делот на своето одлучување, тогаш ќе дадат сериозен придонес во севкупниот економски развој, во подигнувањето на стандардот на граѓаните, но и на инвестициите.

– Имаме случаи кога нова фирма нема бонинтет, нема свои приходи и расходи во минатото, а има сериозен капитал зад себе. Банките не прифаќаат да дадат кредити на вакви фирми затоа што не го гледаат приливот. Во сите земји се одобруваат вакви кредити посебно заради бизнис планот и секако имаат гаранции, истакна премиерот.

Тој најави дека Владата веќе генерира одредени политики за да се направат одредени конкретни исчекори преку Македонската банка за поддршка на развојот која ќе може дополнително да има свои активности за да се поддржат максимален број проекти.

Заев посочи дека треба да се размисли и за висината на провизиите, кои според него, се уште се многу високи.

– Провизиите се уште се многу високи што ги прават банките. Сето тоа ја прави непријатна атмосферата и кон самите нив. Верувам не се отпорни на критиките дека банките имаат профити, добро е да имаат сите компании профити, но сепак очекуваме слободни средства на еден похрабар начин или попзитивистички да најдат начин да ги пласираат и да допрат до што поголем број компании и граѓани, рече Заев, додавајќи дека кога граѓаните имаат поевтини средства за своите намени, тоа ќе ја зголемува и јавната потрошувачка.

– Потребни ни се сите позитивни механизми, а ни треба и позитивниот однос на Парламентот, бидејќи тоа значи стабилна бизнис клима. Ни треба дијалогот да постои во државата, реформите да се случуваат, но ни требаат и сите ресурси што постојат да бидат искористени за развојот, порача премиерот Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски со остра реакција за пресудата за ИРЛ: Не смее да има обиди за регулирање на новинари и медиуми

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

„Се купува ли време“: Неизвесно дали денеска ќе се гласа за уставните измени

Редакција