еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски вели дека не го поканиле за интервјуто во кое се појавуваат Силјановска и Река

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на Твитер вели дека тој не бил поканет за заедничкото интервју за “Другата страна на политиката”, во кое се појавуваат неговите противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Од Фејсбук заедницата „Другата страна на политиката“, пак велат дека биле поканети сите.

„Дојдовме до идеја, да го бараме “човекот” во нашите претседателски кандидати, а не политичарот во нив. За таа цел испративме покана за интервју до изборните штабови на кандидатите. Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме“, велат од Фејсбук заедницата „Другата страна на политиката“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски добил покана за заедничкото интервју со Река и Силјановска

(ВИДЕО) Силјановска во заедничко интервју со Река, Пендаровски го нема

Ако изгубат на изборите, Силјановска и Река ќе останат професори, Пендаровски ќе се повлече од политика

Каков имот имаат Пендаровски, Река и Силјановска

Фото: Пендаровски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Денешното усвојување на Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Редакција

Вкупно 3.940: Починаа 35 лица од Ковид-19, меѓу нив и 28-годишен охриѓанец

Редакција

Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања

Редакција