еМагазин
Image default
Македонија

Собранието го донесе Законот за судски совет

Со вкупно 62 гласови „за“, без ниту еден против или воздржан, пратениците попладнево, во трето читање, го донесоа Законот за судски совет.

Според Законот, Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството, ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Согласно членот 3 од Законот, се забранува политичко организирање и дејствување во Советот.

Членовите на Советот во вршењето на функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност. Советот со својата работа оневозможува политичко влијание во судството.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието го усвои законот за Изборниот законик вратен од Иванов

Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Редакција

(Видео од дрон) Мицкоски од маршот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Власта многу ветуваше, но не исполни

Редакција

Одбраната смета дека по исказот на Заев треба да се повлече обвинението за 27 април против Вељаноски, Ристовски и Јанакиески

Редакција