еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Што договорија Путин и Ким

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во Владивосток бил темелен.

Како што нагласи Путин, со Ким разговарале за билатералните односи, актуелната состојба и перспективите на нивниот развој.

– Разговаравме за состојбата на Корејскиот Полуостров и разменивме мислења за мерките што треба да се преземат за да се подобри таа состојба, рече Путин.

Ким изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин бил конструктивен и оти и натаму ќе продолжи така.

– Се надевам дека нашите преговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни, нагласи Ким.

Средбата Ким-Путин траеше околу два часа, двојно повеќе од предвидените 50 минути.

Во тек е состанок на делегациите на двете држави, што се одржува во Сојузниот универзитет во Владивосток.

Ова е прва посета на Ким на Русија и негова прва средба со Путин.

МИА/ Видео:Guardian News/Фото:AFP/JIJI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа личниот, блиндиран воз на Ким Џонг Ун, кој Северна Кореја го добила од Сталин

(Видео) Ким Јонг Ун го изненади светот со нов стајлинг на средбата со Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во дебарската болница, за првпат хоспитализирани над 40 лица

Редакција

Странските инвеститори „срамежливо“ го зголемуваат присуството на Македонската берза

Редакција