Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелациониот суд Скопје до Врховниот суд на Република Северна Македонија достави жалба на пресудата на Апелациониот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка.
„Жалбата е поднесена по две основи – поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка. Со поднесената жалба, Основното јавно обвинителство Скопје му предлага на Врховниот суд да ја преиспита донесената пресуда на Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отров општество: Ќе те смачкаат на улица како Цековска и убиецот ќе добие само три години затвор
Апелациски суд: Возачот што ја усмрти Фросина доби помала казна, оти ја призна вината