еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов скок на цената на нафтата: Дали повторно ќе се корегираат цените на нафтените деривати во државата?

Цената на нафтата на светските берзи порасна на 73 долари за барел поради намалувањето на понудата и загриженоста поврзана со нов можен прекин на испораката од Блискиот исток, поради зголемувањето на тензиите.

Цената на нафтата од северното море, тип „бренд“ порасна 43 центи на 73,05 долари за барел, објави агенцијата Блумберг и истовремено потсети дека овој тип на нафта минатата недела зајакна за околу 3%. Цената на американската „Лејк“ нафта порасна 60 центи на 63,47 долари за барел.

Американските санкции против Иран дополнително го намалија извозот на сурова нафта од членките на ОПЕК, што допринесе за дополнителен пад на понудата, која веќе беше и намалена по спогодбата за ограничување на спогодбата.

По настапувањето на периодот во кој Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не донесе одлука за определување на највисоките цени, дел од домашните нафтени компании пристапија кон самостојно формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати кои се достапни на нивните бензински станици.

Од почетокот на неделава дизелот на светската берза поскапе за 24 долари по тон, а бензините поскапеа за 27 долари по тон.  Шокантен е заклучокот дека само во еден ден нафтата поскапе за 14 долари по тон.

Дали со новонастанатата ситуација на светските берзи македонските граѓани треба да очекуваат нов скок на цената на горивата во државата? Доколку се анализираат фактите растот на цената е неминовен, останува да видиме какви чекори ќе се преземат од страна на институциите и нафтените компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГД Тиквеш со загуба во првото полугодие

Редакција

Трет ден, ни трага, ни глас од исчезната Лидија Трајковска од Скопје

Редакција

НЛБ Банка објави детални информации за одложената отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица

Редакција