еМагазин
Image default
Македонија

Бранко Героски добивал опомени и закани оти ја критикувал власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Новинарот Бранко Героски, кој го води порталот Плус инфо на својот Фејасбук профил соопшти дека добивал закани и опомени оти ја критикувал власта:

„Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани.

Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши…

Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај.

Марш бре, таму, лицемери едни!!!

Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров.

Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце…

Што к.р сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка?

Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!
Нема да ме замолчите!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ: Од „Слободен печат“ да ги разјаснат причините за изнудената оставка на Героски

Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“

Злате Лозановски на местото на Бранко Геровски во „Слободен печат„

Фото: Плус инфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за две лица за убиството на докторот Ацо Трпковски

Редакција

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Редакција

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 104

Редакција