еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Петар Атанасов, заменик-министерот за образование, кој си поднесе оставка

Кадарот на СДСМ, Петар Атанасов поднесе оставка од функцијата заменик-министер во Министерството за образование и наука, поради како што образложи во отвореното писмо до премиерот Зоран Заев и јавноста, не спроведувањето на реформи во овој сектор.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил кога станал пратеник.

Каков имот пријавил?

Според анкетниот лист на име на сопругата пријавил две куќи во Струмица и Скопје, од наследство, а како заеднички имот, стан во Охрид од 64 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

На свое име пријавил стан во Скопје од 42 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

Вози Хјундаи, а на свое и на име на сопругата пријавил и кредити.

На име на сопругата пријавил и акции.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Петар Атанасов, заменик-министерот за образование кој поднесе оставка

Заменик-министерот за образование Атанасов си поднесе оставка поради немањето реформи во образованието

Фото: Фејсбук/Атанасов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сектори со најниски просечни нето-плати во август

Редакција

Нови четири случаи на Ковид-19 од 1.337 тестирани, бројката на активни е 426

Редакција

Затворена групата „Јавна соба“ на Телеграм

Редакција