Судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство, „„Насилството во Општина Центар“ е повторно одложено поради неприсуство на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Основниот суд Скопје 1 издал налог Јанакиески полицијата да го доведе на денешното рочиште од неговиот дом, а тој како што е познато од пред неколку дена е во притвор во Истражниот затвор “Скопје“ во Шуто оризари.
Тој од истиот суд доби 30 дена притвор за злоупотреба на службена положба за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на државава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот министер Миле Јанакиески и уште седум лица добија притвор од 30 дена
Фото: Јанакиески/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.