На својот Фејсбук профил за скандалот со пејачката Тамара Тодевска и македонската химна се огласи и поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
“Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.
Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.
Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.
– Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!
А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе…, ако не сега, тогаш, кога лично ќе ја почувствуваме!“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Садула, Латас, Тамара: Дотолчена разнишаната верба на Македонците во државата
Фото: Фејсбук/Кирацовски