еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

Според првичните проценки од терен во Долна Преспа предизвикана е голема материјална штета, но за среќа нема човечки жртви, ниту повредени.

Во овој регион овошните насади претрпеле штета од скоро 100 отсто, а првично не може да се каже колкава е штетата на објектите. Скоро 20 часа по невремето општина Ресен уште нема електрична енергија, поради претрпените штети на електричните столбови.

– На терен сме од синоќа, комуницираме со населението, онаму каде што можеме и каде што има потреба да помогнеме. Наши екипи се на терен, работат на расчистување на последиците од невремето. Медицински тимови беа во обиколка на погодените населени места, доколку имаше потреба да интервенираат, но освен кај исплашени граѓани, немало некоја посериозна интервенција, изјави за МИА градоначалникот Живко Гошаревски.

МИА/Фото: Општина Ресен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Се утврдуваат штетите во Преспа: Се расчистуваат патиштата, домаќинствата се враќаат во нормала

(Галерија) Скршени кампови, превртени тенди, откорнати дрвја: Невремето направи пустош во Љубаништа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 56 иницијативи на Антикорупциска, ниту една истрага или обвинителен акт

Редакција

Нееднаков третман кон граѓаните кои си ги платија документите, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата

Редакција