еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Галерија) На Галичник спиев во кола и ја сонував Галичка свадба

Галичка свадба е настан што треба да го види секој Македонец. За конечно да му се разјасни што е толку посебна, зашто галичани се такви какви што се, и на крајот на краиштата зошто е толку позната, па за неа да доаѓаат од секаде.

Годинава таа се одржува викендов на 13 и 14 јули, младенци се Марина Петровски и Огнен Караѓозовски.

Боите и звуците се чиста егзотика. Богатството на галичката носија е бесценето, нема пари што може да ја купат. Во неа е вткаена сета историја на едно галичко семејство и традиција. Отпечатена судбина на претходните генерации, сведок на едно време кое се пресликува и во сегашното. А, галичанки облечени во неа, преубави.

Тешки и до 25 килограми со сребрени парички и златници, тие се рај за очи. Но, се лесно носливи, барем според кажувањата на невестите, бидејќи се направени од природни материјали и дозволуваат кожата да дише. Носијата за време на Галичката свадба ја носат од најмлади до најстари.

Тешкото буди толку многу емоции. Веројатно затоа што во него е проткаена тагата на печалбарите што водат мачен живот во туѓина одделени од своите најблиски. Или пак од помислата дека и денес не е ништо поразлично, да не речам исто. И опцувам со помислата „ебате народот, што судбина имаме“. Среќа што на крај Тешкото завршува лесно, односно се пронаоѓа смислата дека доброто, сепак го победува злото.

Зурлите, тапаните и Тешкото на свадба во ресторан не ги поднесувам. На Галичник уживам да ги гледам. Тие се таму каде што треба да бидат каде што се „родиле“ и природно припаѓаат. Страствениот удар по тапаните и дувањето во зурлите од страна на Мајовци, изгледа надреално. Како во некој друг свет. Онаму високо, каде што е се возвишено. Каде што владеат правилата на Универзумот и енерегијата на природата. Не бадијала Галичник го опишуваат како европски Тибет. Секое случување таму ве уверува во тоа.

Сместувањето на Галичник за време на Галичка свадба е невозможна мисија. Единствениот хотел „Неда“ е преполн со гости. Приватните капацитети се мали и во нив главмо се сместени играорците, свирачите, келнерите кои дополнително се ангажираат за оваа манифестација.

Ако не сакате да го „тепате“ патот од 15 километри до Маврово, а немате каде да спиете, како мене, автомобил е супер опција. Може да се паркирате каде што има кампери, и ете ви супер друштво. Единственото нешто со кое може да се борите среде јули е студот, па наутро пожелно е да се одмрзнете на сонце.

Фурната „Лазар“ во Галичник е закон. Лебот го печат на дрва. Кога последен пат сте виделе некој да крши од леб по улица и да јаде? Јас двапати видов. Не пропуштајте да ги вкусите галичкото сирење, кисело млеко, качамак, урда во „Кај баба и деде“.

Во Галичник исто така можете да се најдете и себе си. Ако сте пошле сам, но притоа сте си се чувствувале вишок и на себе, дома ќе се вратите таман. Не знам што прави тој воздух таму, таа вода, тој поглед кон планините и височините, езерата, игрите на сонцето и сенките врз куќите и околните ридови, ама јас навистина се чувствувам дека сум била на Тибет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски туристи шест дена поминаа 230 километри во јавање коњи на Галичник

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

Најубавото од Галичник: Што е тајната на вкусот на галичкото сирење

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

(Фото) Новиот пратеник на СДСМ, Филиповски во најприродно издание: Коњите на Галичник му се голема љубов

(Фото) Галичка свадба: Традиција и обичаи преточени во атракција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстично зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19

Редакција

Законските измени за Бехтел и Енка се на штета на работникот и неуставни, порачаа од „Гласен Текстилец“

Редакција

МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин во Софија

Редакција