Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини се најде во фокусот на јавноста откако пред неколку дена отвори пицерија во заштитетна зона од УНЕСКО во Охрид, и покрај тоа што истата е дивоградба.
Пицеријата е ситница во однос на имотот кој го пријавил во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал советник.
еМагазин го разгледа истиот.
Каков имот пријавил?
Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил две куќи во Охрид и стан во Струга.
Пријавил и други три недвижни, но не навел за што се работи.
Вози три автомобил, ВВ Голф, Порше и Ауди А8, а пријавил и 5 камиони и 10 багери.
Земјиште пак има на неколку локации.
Целиот негов анкетен лист, кој е поприлично долг ОВДЕ.
Се што пријавил е стекнато со договор за купопродажба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Охриѓани багер дан требит?“: Охрид, УНЕСКО и дивоградбите топ тема на Твитер
Фото: Фејсбук/Усеини