еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

Едно од клучните прашања по приведувањето на Бојан Јовановски (Боки13) и Зоран Милевски – Кичеец на кое јавноста чека брз одговор е на кој обвинител се повикувале двајцата осномничени за да „рекетираат“ познат македонски бизнисмен.

Дали обвинителот знаел за тоа или само било злоупотребено неговото име треба да покаже натамошната истрага на Јавното обвинителство.

Во Македонија на пр. досега имало многу случаи кога лица се повикувале на одредени функционери за земање пари за вработување на други лица.

Новинарот Бранко Геровски кој веќе неколку месеци пишува за случајот, во последниот серијал на темата пак тврди дека во случајот е „заплеткан уште еден друг обвинител“ и тврди дека обвинителот е „мозокот на целата операција“.

Оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева од челната позиција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во истиот ден кога беа уапсени Јовановски и Милевски и одземањето на нејзиниот мобилен телефон за да се провери евентуалната поврзаност со Јовановски, ја стави во незгодна позиција.

Општо познато е дека таа има приватна релација со Јовановски и за дел од јавноста таа е обвинителот, без дo сега да бидат презентирани докази за такво нешто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

За случајот со Боки13 и Зоран Милески, Обвинителството има аудио и видео снимки

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) По три недели пронајдено телото на велешанецот Димовски кој се удави помагајќи и на екипа на ЕВН

Редакција

Спасовски и Пендаровски на „тапет“ на Твитер

Редакција

Од Ковид-19 починало едно лице

Редакција