еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Катица Јанева ја форматираше државата

Додека чекаме нови детали за истрагата „Рекет“ на Јавното обвинителство и конечен јасен одговор дали во истиот е инволвирана или не и шефицатата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во заминување, Катица Јанева, јавноста преку медиумите е “бомбардирана“ со нови и нови информации, поврзани со Јанева и овој случај, кои го „рушат“ не само СЈО, целиот правен систем и довербата на граѓаните во правдата, туку и државата.

И тоа во време кога демек треба да покажаме пред Европската Унија дека сме кадарни да влеземе во еден таков клуб, а не сме.

Кој повеќе ќе верува во овааа СЈО, во некое ново или генерално во правда, после информациите дека сепак нешто се брише во институцијата која на времето уживаше најголема доверба кај граѓаните, или по веста дека вториот, тој “изгубениот“ мобилен телефон на Јанева бил форматиран, а да не збориме како беше истиот најден.

Зошто овој циркуз? За да се спаси некој? Да не одговара некој? За да некој си ја спаси сопствената кожа ќе треба да се форматира и државата?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Катица Јанева не поднела писмена оставка, усната не важи

Дојче веле: И во првиот мобилен на Јанева „не е најдено ништо посебно“ што би било од интерес за истрагата за „Рекет“

Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала

Од што боледува Катица Јанева и дали е способна да ја врши својата работа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попис 2021: Според видот на образование 18,6% од населението се во Инженерство, производство и градежништво, а 1,9% во ИКТ

Редакција

(Видео) Во Слупчане ќе плаќале струја ако сметките биле помали од 3.000 денари

Редакција

Макрон и Ле Пен одат во вториот круг за избор на претседател на Франција: Кој има поголеми шанси за победа?

Редакција