еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

По премиерот Зоран Заев, со тужба за клевета се закани и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој според „Република“ е вмешан во случајот „Рекет“

„Барам веднаш „Република“ да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот “Рекет” и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.
Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам.

Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.
Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда.

Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.

Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

И Шекеринска најави тужба за „Рекет“

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 11 часот излезноста 12,78%

Редакција

Каракачанов: Македонците имаат омраза кон сите други народи, освен кон Србите

Редакција

Новите мерки за влез и излез во Македонија ќе почнат да важат за една недела или десетина дена

Редакција