еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Метлата“ на Заев се уште чисти: Кои се разрешени и именувани функционери?

Владата на една од последните седници разрешила и именувала фукционери во повеќе институции и државни органи.

Владата заклучила да му предложи на Собранието, за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да ја именува Андријана Нелкова -Чучук.

Ванчо Петрушевски, досегашен вршител на должност заменик на директорот на Државниот испитен центар е именуван за заменик на директорот на Државниот испитен центар.

Владата го разрешила Борче Божиновски од должноста член на Советот за образование на возрасните и истовремено го именува Влатко Ралевски за член на Советот за образование на возрасните.

На истата седница Владата го разрешила Влатко Величковски од должноста член на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие „Службен весник на Република Северна Македонија“, a на истото место го именува Ќани Сеадиновски.

Јулијана Силјановска, досегашен вршител на должноста член на Инспекциски совет, е именувана за член на Инспекцискиот совет од областа на надзорот на пазарот, работните односи и безбедност и здравјето при работа, со мандат од три години, со право на уште еден повторен избор и истовремено и утврдила коефициент за пресметување на плата.

Владата го избрала Методија Димовски, досегашен вршител на должноста член на Инспекциски
совет, за член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравјето
на луѓето, со мандат од три години, со право на уште еден повторен избор и истовремено му
утврдила коефициент за пресметување на плата.

Ресул Шемо, досегашен вршител на должноста член на Инспекциски совет е именуван за член на Инспекцискиот совет од областа на градежништвото, урбанизмот и транспортот, со мандат од три години, со право на уште еден повторен избор и истовремено му утврдила коефициент за пресметување на плата.

Владата го избрала Благоја Гешоски, досегашен вршител на должноста член на Инспекциски совет, за член на Инспекцискиот совет од областа на управата, со мандат од три години, со право на уште еден повторен избор и истовремено му утврдила коефициент за пресметување на плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена од Србија загина во сообраќајна несреќа кај Велес, двајца повредени

Редакција

Се проширува проектот МКкарта: Кои се новите 68 претставници на дијаспоратa

Редакција

Фијат Цаноски сведочеше за уривањето на „Космос“: „Ме малтретиравте со рушењето, сега со судењето“

Редакција