еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сиромашната Македонија ќе продолжи да плаќа за канцеларии на поранешните претседатели Иванов и Црвенковски

Владата ќе продолжи да им дава пари за закуп на канцеларии на поранешните претседатели на Македонија, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа вчера изјави дека додека не се измени законската регулатива за правата и привилегиите, тие ќе постапуваат согласно постојните закони.

„Владата на Република Северна Македонија делува во согласност со позитивните законски одредби. Ако има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. Додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон, така и ќе се применува“, изјави Хоџа.

Со ова паѓа во вода повеќе од оправданата инцијатива на Антикорупциската комисија за раскинување на договорите за закуп за канцеларии за двајцата поранешни претседатели, додека еден ден, ако за тоа најдат време, пратениците во Собранието не покренат инцијатива на оваа законска регулатива.

За сега нема слух за повеќе од точната констатација на претседателката на Антикорупциска, Биљана Ивановска, дека во мала и сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за поранешните претседатели, а нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко. Тие, како што кажа таа, дури не поднесуваат ни извештај какви активности имале или имаат.

Според пресметките на Антикорупциска, за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени еден милион деведесет илјади и 580 евра.

Од Антикорупциска предложија и да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот и да се поднесе иницијатива до Собранието за преиспитување на законското решени во смисла на ограничување на времетраењето на привилегиите на поранешните претседатели.

Да се надеваме дека ќе се најде јунак кој навистина си го сака и се грижи за доброто на својот народ и ќе предложи инцијатива до Уставниот суд, или уште подобро до Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој ќе биде кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

Протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на Македонија, вели Петровска

Редакција

Брисел и натаму не може да даде рок за достава на вакцини за западен Балкан

Редакција