еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Првоосомничениот Боки 13 за првпат на распит за „Рекет“

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) денеска за првпат треба да се појави на распит во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Тој до сега не дал исказ за Рекет“, освен дента кога беше уапсен и беше на распит во Обвинителство, но за да се утврди дали да му биде изречена мерка притвор или не.

На распит за „Рекет“ во Обвнителството до сега беа неколку обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), функционери од невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз, бизнисмени, функционери на владејачката СДСМ…

Освен Јовановски, во „Рекет“ за сега се осомничени и Зоран Милески и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит за „Рекет“

„Гужва„ во Обвинителството за распит за „Рекет“, првоосомничениот Боки 13 се уште неповикан

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еурактив“: Се чека на поцврст став од Брисел за да се смират страстите откако „нон-пејперот“ со предлог за промена на границите го размрда Балканот

Редакција

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

Редакција

Еврокомесарот Вархеји утре во Софија, па доаѓа во Скопје

Редакција