еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Катимерини“: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на првата средба со премиерот Зоран Заев во Њујорк му кажал дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа, доколку бил на позиција лани, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на грчката новинска агенција.

Но Мицотакис додал дека грчката влада ќе го почитува Договорот, бидејќи е ратификуван од страна на грчкиот парламент и од него произлегуваат обврски според меѓународното право.

Од друга страна пак, Заев го информирал Мицотакис дека „Владата е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцираше дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени конечните резултати од изборите во Бугарија: Како ќе изгледа составот на бугарскиот парламент?

Редакција

Убава вест: 447 оздравени од Ковид-19

Редакција

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ нов амбасадор во Црна Гора, Виктор Димовски во Франција

Редакција