еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев на која присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, пренесуваат бугарските медиуми.

„Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината“, рече Борисов.

Софија, додаде бугарскиот премиер, сака заедно со Северна Македонија преговорите да ги почне и Албанија.

На средбата кај Радев присуствуваше и вицепремиероти министер за одбрана Каракачанов. Тој, како и пред неклку дена кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу  јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот Радев закажа средба на државниот врв на Бугарија за односите со Македонија

Каракачанов контра Пендаровски: Бугарија да не гласа за почеток на преговори со ЕУ додека не се расчистат историските фалсификати

Радев: Бугарија да ја преиспита поддршката кон Македонија доколку за еден месец не се решат историските прашања

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Министерот Нуредини на англиски им кажа на новинарите оти нема време за прашања за загадувањето

Редакција

Обвинителство формира предмет за извидничкиот камп, во кој малолетни деца биле вклучени во непримерни активности

Редакција

Осомничениот тренер за обљуба на малолетнички не е наш член: Џудо федерација згрозена

Редакција