Претседателот на Собранието, Талат Џафери им порачува на лидерите на политичките партии да постигнат консензус за датумот на одржувањето на предвремените парламентарни избори, а потоа вели тој ќе си ја исполни неговата уставна обврска да ги распише изборите.
Џафери во изјава за „360 степени“ всушност му одговара на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, кој претходно во изјава за МИА рече дека, смета оти нема причина за закажување на седница на ДИК заради фактот, што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието да донесе решение со нов датум за избори.
„Се знае според Уставот кој распишува избори.Јас како претседател на Собранието ги распишав изборите на 12 април, кога ме информираа дека има консензус. Нека постигнат консензус и ќе ја исполнам својата уставна обврска,“ порачува Џафери.
Собранискиот спикер во оставка, пак, пред околу еден месец порача дека по завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев: Датумот за избори не може да биде лична желба, според Устав е на 5 јули
Мицкоски бара изборите да се одржат на средината на јули
Пендаровски: Одлука за прогласување вонредна состојба ако партиите се договорат за изборите
МИА/Фото: Собрание