Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за четврток во 11:00 часот седницата на која треба да се гласа доверба на Владата.
-Информираме дека во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток, на 11 ноември 2021, во 11.00 часот.
Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата, наведуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Собрание поднесена иницијативата за гласање на недоверба на Владата