Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.
Препораката се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, а со тоа и за здравјето на граѓаните, цениме дека во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице,“ се вели во деншното соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виролози: Отворете прозорци, пуштете го сонцето, вирусот нема крилја
(ВИДЕО) Водич за деца за коронавирусот
(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар