еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ако Ви се украдени податоци Фејсбук ќе Ве извести: Потврдена кражбата на информации за 29 милиони корисници

Податоци на речиси 30 милиони корисници биле украдени во најголемиот хакерски напад на Фејсбук во историјата на оваа социјална мрежа, кој се случи пред две недели, потврди компанијата на Марк Закерберг.

Кога беше откриен нападот, се претпоставуваше дека се украдени податоците на дури 50 милиони корисници, но, се покажа дека не станува збор за толку голем број.

Во соопштение на компанијата се наведува дека на 29 милиони луѓе им се украдени имиња, имејл адресите и телефонските броеви.

Покрај тоа, на 14 милиони корисници им биле украдени повеќе податоци, како што се адресата на живеење, датумот на раѓање и адресите кои најчесто ги посетувале.

Фејсбук ќе ги извести сите на кои им биле украдени податоците.

Од Фејсбук не го именуваа сторителот, но, велат дека ФБИ „активно истражува кој го извршил напад” и апелираа до нив да не расправаат околу тоа кој би можел да стои зад нападот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Редакција

Нови 25 случаи на Ковид-19 од 1.016 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 10.572

Редакција

Надлежните да земат цевче за да дишат за да ја сфатат итноста на нашата состојба, порачаа пациентите со цистична фиброза

Редакција