Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 194 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 16. април.
До 14. април, бројот беше 143, до 13. април, 126, до 12. април, 121, до 11. април, 117, до 10. април, 106, до 9. април, 95, до 8. април 82, до 7. април 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.
Според податоци на ИЈЗ, оздравени се 13 здравствени работници.
Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај тројцата новопочинати од коронавирусот евидентирана хронична и здравствени состојби
Коронавирусот во Македонија „влезе„ и во домовите за стари лица