Али Ахмети вечерва на Четвртиот изборен конгрес на ДУИ со акламација повторно е избран за лидер на партијата. За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје, а тој беше и единствениот предлог за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.
„Се заблагодарувам за довербата што ми ја дадовте едноглсно да бидам на чело на ДУИ следните четири години. Ве уверувам дека ќе ве претставувам со дигнитет како и до сега така и во иднина и дека нема никогаш да се посрамите ниту пред вашите опоненти, ниту пред противниците“, вели Ахмети.
МИА/Фото:Фејсбук/ДУИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.