Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-декември 2022 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех, соопштија од компанијата преку Македонската берза.
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 11.564.455 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат раст од 15%.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 91%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат раст од 10%, велат од компанијата.
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 15.349.814 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат раст од 16%.
-Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 93%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат раст од 12%, велат од таму.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 10.031.327 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат раст од 16%.
Од вкупните консолидирани продажби, 68% се остварени на странските пазари.
-Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во земјите од Источна Европа (раст од 38%) и во земјите од Западна Европа (раст од 17%), велат од компанијата.
Остварената единечна нето-добивка во 2022 година изнесува 1.411.543 илјади денари и во споредба со остварената во 2021 година бележи зголемување за 10%.
Остварената консолидирана нето-добивка во 2022 година изнесува 1.463.421 илјади денари и во споредба со остварената во 2021 година бележи зголемување за 12%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Алкалоид лани 187 нови вработувања и раст на инвестициите за 24%