еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива вечерва ќе одлучува за идните чекори при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата

Најтесното раководство на владејачката Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, потврдија за МИА од партијата.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата не е дефинитивно, но шансите за тоа се огромни.

Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но дека за кадровските решенија воопшто не разговарале.

За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следниве денови, додавајќи дека еден од ресорите за кои партијата има „најдобри кадри“ е Министерството за здравство, со кое во моментов раководи Бесим Сали од Алтернатива.

И премиерот Димитар Ковачевски вчера напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, нагласувајќи дека во делот на сите други аспекти од можна соработка, разговорите ќе продолжат.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра работна група задолжена за понатамошни разговори со Алијанса та за Албанците, во која покрај партискиот лидер и премиер Ковачевски, членуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор, Љупчо Николовски, како и координаторот на Пратеничката група во Собранието, Јован Митревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

МИА/Фото: Сали/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постои опасност да побегне и да го повтори делото: Апелација одлучи Боки 13 да остане во притвор

Редакција

(Видео) Голем пожар на границата со Грција, експлодираа четири гранати од Првата светска војна

Редакција

Пратеникот Арбен Зибери се врати во Собрание, двата теста за Ковид-19 му биле негативни

Редакција