еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Загадувањето на воздухот поопасно од Ковид-19, за две години го намалува животниот век

Загадувањето на воздухот го намалува очекуваниот животен век за секој маж, жена и дете на Земјата за речиси две години, според податоците објавени денеска за кои експерти велат дека слабиот квалитет на воздухот претставува „најголемиот ризик за здравјето на луѓето“.

Индексот за влијанието на квалитетот на воздухот здравјетот на луѓето (The Air Quality Life Index (AQLI) нагласува дека додека светот се обидува да пронајде вакцина за да ја доведе под контрола пандемијата Ковид-19, загадувањето на воздухот ќе продолжи да предизвикува милијарди луѓе да водат пократки и поболни животи низ целиот свет.

Индексот го претвора загадувањето на воздухот – главно од согорувањето на фосилните горива – во неговото влијание врз здравјето на луѓето.

Во анализата се наведува дека и покрај значителното намалување во Кина – некогаш една од најзагадените земји во светот, целокупното ниво на загадување на воздухот останало стабилно во текот на изминатите две децении.

Во земји како Индија и Бангладеш, загадувањето на воздухот беше толку сериозно што сега ги намалува просечните животни стапки во некои области за речиси една деценија.

Авторите на истражувањето велат дека квалитетот на воздухот што го дишат многу луѓе претставува далеку поголем ризик по здравјето од Ковид-19.

„Иако заканата од коронавирусот е сериозна и заслужува посебно внимание прифаќајќи ја сериозноста на загадувањето на воздухот со слична енергичност би им овозможило на милијарди луѓе да водат подолг и поздрав живот“, наведува Мајкл Гринстоун, креатор на Индексот.

Речиси една четвртина од глобалното население живее во само четири јужноазиски земји кои се меѓу најзагадените – Бангладеш, Индија, Непал и Пакистан. Индексот откри дека овие популации ќе имаат животен век намален за пет години во просек, откако биле изложени на нивоата на загадување 44 отсто повисоки од пред 20 години.

Околу 89 отсто од 650 милиони луѓе во регионот живеат во области каде загадувањето на воздухот ги надминува нивоата одобрени од Светската здравствена организација.

Додека местата како САД, Европа и Јапонија успеаја да го подобрат квалитетот на воздухот, загадувањето сепак одзема во просек две години од очекуваниот животен век низ целиот свет, се нагласува во анализата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: Позагаден воздухот, поголема смртност од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може ли да се спречи драстично поскапување на пивото!?

Редакција

РКЕ им даде 90 дена на РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил да достават доказ дека ги поседуваат потребните резерви на мазут

Редакција

Раст од 25%: Минатата недела 1.559 реинфекции со Ковид-19

Редакција