еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанева останува во Шутка, притворот и е продолжен за уште 30 дена

Кривичниот суд денеска и го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена.

Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари и сегашната мерка притвор и истекува в петок.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

Има ли шанса Катица Јанева од Шутка да заврши во домашен притвор?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Чинговски сведочеше на судењето за “Плацеви на Водно“

Редакција

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

Редакција

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Редакција