еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација му ја намали казната на Чавков за настаните од 27 април од 18 на 16 години

Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница донесе пресуда со која ја потврди првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело и делумно ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „27 април“.

– Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.

По однос на изречената кривична санкција, Апелација првостепената пресуда  ја преиначи на начин што обвинетиот Митко Чавков се осудува на казна затвор во траење од 16 години, обвинетите Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години, обвинетите Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски се осудуваат на казна затвор во траење од по 13 години, обвинетите Оливер Поповски, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ се осудуваат на казна затвор во траење од по 11 години, обвинетиот Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од девет години, обвинетиот Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од седум години и обвинетиот Абдуљифета Алими се осудува на казна затвор во траење од шест години.

– Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди, се вели во соопштението од Апелација.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на Апелационен суд Скопје во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воз удри во автомобил на преминот Маџари, едно лице загина

Редакција

СЈО поднесе две обвиненија за предметот „Талир“, за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изградба на седиштето на партијата

Редакција

„Норвешка ти благодарам“: Премиерката Солберг најави враќање на нормалниот живот и укинување на рестриктивните мерки против Ковид-19

Редакција