еМагазин
Image default
Македонија

Апелација денес или утре ќе одлучува по жалбата на Орце Камчев

Во текот на денешниот или утрешниот ден Апелацискиот суд ќе одржи јавна седница по жалбата за притворот на Орце Камчев, кој е еден од осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Од Апелецискиот суд за МИА изјавија дека во текот на денов ќе знаат точно кога ќе се одржи јавната седница.

Камчев има поднесено жалба на притворот со гаранција од околу 14 милиони евра.

Во меѓувреме, како што пишуваат дел од медиумите, Специјалното јавно обвинителство побарало мерката притвор за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и други осомничени во „Империја“ да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на веста.

Според пишувањата, истото се очекува да се случи и со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски обвинети во случајот „Титаник“.

Одлуките треба да ги донесат судиите во Апелацискиот суд и Основниот суд Скопје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“

Од притвор излегуваат Камчев, Мијалков, Јанакиески, Божиновски, Панделески…?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Направивме попис со сите нишани, според највисоките стандарди на ЕУ

Редакција

Јовица Стојановиќ назначен за в.д. директор на Управата за извршување санкции

Редакција

Шекеринска до новото раководство на СДСМ: „Трчајте, за да не ве претекнат – зборувајте за да не ве замолчат“

Редакција