еМагазин
Image default
Бизнис

Арсовска: ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на „половни“ возила

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го поздравува донесувањето на новиот Закон за возила со кој се предвидуваат субвенции за набавка на возила со повисоки еколошки стандарди, но не гледа потреба од субвенционирање на набавката на половни возила.

„Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата истовремено, но не ја гледаме потребата во делот за субвенционирање на половни возила. Сепак, сметаме дека треба да се задржи социјалниот аспект, но истовремено да се поткрепи со еколошкиот, односно да им се овозможи на граѓаните со субвенционирање и со обезбедување бескаматни кредити да можат да си дозволат да ги заменат старите возила со нови што нема да имаат импакт врз животната средина“, рече претседателката на ССК Данела Арсовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Таа нагласи дека во светот имало вакви практики, но само за возила што не ја загадуваат или минимално ја загадуваат животната средина.

„До сега не сме имале пракса за субвенционирање половни возила, ниту во Европската Унија, ниту, пак, во поблиската околина и не знам дали можеби Министерството за економија има информации и конкретни примери каде е применето или спроведено такво нешто.

Сепак, бидејќи мерката важи и за нови возила веруваме дека е добра, но сметаме дека нејзините крајни ефекти треба да ги опфатат светските практики за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Тоа се постигнува само со мерки што се добро осмислени и долгорочни со кои возилата што загадуваат се исфрлаат надвор од сообраќајот“, потенцира Арсовска.

МИА/Фото:Фејсбук/Арсовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има „тепачка“ за субвенции: Пари има за само 900 возила

Многу кандидати за субвенциите од 2,7 милиони евра: Дури 269.000 возила се постари од 18 години

Детален преглед: Какви субвенции се предвидуваат со измените на законот за возила?

(Видео) Бектеши за Алсат-М: Возилата кои ќе се субвенционираат треба да чинат околу 12.000 евра и не мора да се нови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борче Илиоски и Христина Ружиновска предложени за членови на Надзорниот одбор на „Тиквеш“

Редакција

Дејан Кошутиќ нов директор на Железници транспорт

Редакција

ГТЦ со намалена добивка

Редакција