Коинциденција или не, не може да се игнорира тајмингот и истовремената појава на новите аудио „бомби“ од прислушувани разговори кои го компромитираат високото раководство на ДУИ во нашата земја и владејачката коалиција во Албанија предводена од премиерот Еди Рама.
Интересно е што појавата на „бомбите“ доаѓа во време кога се одлучува судбината околу одредувањето датум на преговори со ЕУ за Македонија и за Албанија.
Појавата на аудио „бомбите“ во земјава се почесто се врзуваат со тезата дека станува збор за пресметка меѓу коалициските партнери во Владата, додека во Албанија како сигнал дека на Западот му е дојдено преку глава од политиките на Еди Рама.
Неспорен факт е дека беа оправдани стравувањата дека прислушувани разговори не поседуваат само СДСМ односно Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и дека сега станува практика тие да бидат користени како алатка за остварување политички цели.
Тое е опасно по демократските процеси во земјава, за кои би требало да одлучуваат граѓаните, а не тајните служби и лицата кои ги поседуваат прислушуваните разговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЈО: „Бомбите“ на „Ел чека“ не се од СЈО
„Ел Чека“ не мирува, објави нови „бомби“ и повторно му се заканува на Заев
Македонско сценарио ја тресе Албанија: Објавени прислушувани разговори меѓу Еди Рама и мафијата
Османи: „Бомбите“ не се работа на ДУИ, туку на институциите