еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Азески: Задоволни сме од формалната, но не и од суштинската соработка со Владата

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески денеска, преку видео обраќање на владината конференција „Година на нови можности“, порача дека бизнисот е задоволен од формалната, но не и од суштинската соработка со Владата.

Азески уште еднаш кажа дека за развој на државата комуникацијата меѓу приватниот сектор и институциите е клучна.

Време е, потенцира Азески, да престане лиферувањето значајни економски закони кои тешко се усвојуваат во Собранието поради неговата блокада и наместо тоа, да се донесат оние законски решенија кои стојат по владините фиоки десетина години, а се приоритет за функционирање на бизнисот.

-Соработката со Владата мора да претрпи трансформации во делот на почитувањето на нашите барања кои потекнуваат од реалниот сектор и безпоговорно тврдам дека се од интерес и на бизнисот и на државата, истакна Азески.

Тој ги повтори барањата кои Комората ги изнесува подолго време.

-Бараме поголема подготвеност на јавниот сектор, на Владата, во однос на владеење на правото и на почитување на пазарните законитости, посебно на деловите кои се однеусваат на правосудниот систем зашто бизнис заедницата од тоа трпи определени последици.

Бараме и зголемување на квoтите за увоз на работна сила. Нашиот став тука е идентичен со оној на Владата, треба да се зголемат квотите, но да се води сметка и за националните интереси, како и за интересите на бизнисот.

Време е, исто така, да престане лиферувањето значајни економски закони кои тешко се усвојуваат во Собранието и тој период да се искористи за да се донесат закони кои стојат во владините фиоки две, три, пет па и десет години, како законот за холдинг, промената на членот 218 од Законот за извршување, законот за акционерските друштва, Иницијативата за промена на Одредбата за утврдување на највисоката плата и највисоката пензија во услови кога плаќаме максимални придонеси. Тоа се суштински закони и треба да добијат приоритет, подвлече Азески.

Тој потсети и дека Комората ја донесе Декларацијата за економските политики и мерки која се совпаѓа, како што рече, со Националната стратегија за развој на Владата годинава. Притоа најави дека ќе се направат напори за успогласување на двата документа.

МИА/Фото: Стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците е веќе поделена, викендов ќе има два конгреси, едниот го свика Таравари, другиот Села

Редакција

Гласаше на изборите во Албанија: Курти стана првиот премиер во светот којшто гласал на избори во друга држава

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Инспекторатот за животна средина за набавка на возило вреден 10.000 евра

Редакција