Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за 2,50 ден/лит, информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од вечер на полноќ „Еуросупер БС-95“ ќе се продава по 81,5 денари, „Еуросупер БС-98“ по 83,5 денари, а Еуродизел по 82,5 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 денар/литар и од полноќ ќе чини 80,5 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.