еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 54 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ го посочуваат за околу 0,8 проценти повисокиот крурс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Акцизата на нафтата се зголемува за три денари

Корона вирусот и „пресуди“ на нафтата: Историски најниски цени на црното злато

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Редакција

Клиника Жан Митрев организира работилница за борба против срцево-садови заболувања

Редакција

Бугарски клуб ќе се отвори и во Кавадарци?

Редакција