еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бесир Беља и Скендер Демири осудени по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски

По 19 години казна затвор добија Бесир Беља и Скендер Демири за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска денеска при изрекувањето на пресудите рече дека двајцата се виновни затоа што заеднички го лишиле од живот Никола Саздовски.

Воедно, Бесир Беља треба да исплати оштета од по 1.200.000 за таткото, мајката, братот, сестрата, а за бабата на Саздовски 600 илјади денари. Исто толку треба да им исплати и Скендер Демири. Обвинителот предложи притворот да им се продолжи поради опасност од бегство.

Адвокатот на Бесир Беља, Николче Наумов побара да се замени со куќен притвор.

Случајот почна на 9 ноември минатата година.

На 7 февруари годинава беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постројка во Автокоманда.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.

Ваквата одлука ОЈО, ја образложи со тоа што во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

МИА/Фејсбук/Саздовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Саздовски побара од родителите на осудените да кажат каде е третиот осоминичен, кој е во бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Условите за патување во Грција ќе се знаат до крајот на следната недела

Редакција

По Гевгелија, казино Фламинго и во Скопје

Редакција

Нема хоспитализирани по ударот од гром на плажата Оревче, вели директорот на болницата во Охрид, Балевски

Редакција