Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија вкупниот број на заболени со коронавирусот изнесува 430.
“Од пријавените случаи, 23,7% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (64,1%), температура (63,2%), слабост (33,6%), главоболка (22,0%), треска (19,1%), болка во грло (17,1%) и отежнато дишење (16,4%), а 126 лица се/биле без изразени симптоми„, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби
Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин
Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот