Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор, рече обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во завршен збор за случајот „Рекет“.
На почетокот, Јовановски се пожали што во судница не е присутна јавната обвинителка Вилма Русковска, за да го чуе додека зборува облечен во бело, исто како Тито.
Бледите завршни зборови на јавната обвинителка, рече тој, беа цитати од филмови, а не цврсти докази како што личи на ваков кривично правен настан.
„Зоран Милески е пуштен со агенда, затоа што е агент провокатор и се ближат избори“, изјави Јовановски.
А тука, нагласи Јовановски, гоните двајца невини луѓе.
„Кој му дозволи на Јордан Камчев да бара помош од Бугарија за да конструира вакво нешто. Сигурно не е случајно уривањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и 1 ТВ“, изјави Јовановски.
Имам, рече тој, отворено сомневање на правно-политичкиот систем и спрегата со Зоран Милески.
„Ова лажно Луј Витон обвинение е засновано само врз изјавата на Јордан Камчев. Камчев може дал милион евра, а може и повеќе, но не на Бојан Јовановски. Можеби и затоа не дозволивте вештачење на мојот телефон“, рече Јовановски.
Тој, пред судот покажа фотографии со куфер Луј Витон, за кој вели дека го купил во 2012 години во Виена, и за кој обвинителката Вилма Русковска кажала дека е чантата од видеото на Камчев сликана во домот на неговите родители.
„Одговорно тврдам дека таа Луј Витон чанта на Зоран Милевски ја немам допрено и не знам што има внатре. Тој само ме остави кај моите родители“, изјави Јовановски.
Не се вештачи мојот телефон, рече тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев.
„Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува“, изјави Јовановски.
Тој рече дека не се плаши од никого, а на почетокот најави дека ќе ја отвори целата „пандорина кутија” и се надева дека судот ќе почне постапка по допрен глас.
МИА/Фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Завршни зборови за „Рекет“: Според одбраната снимките како филм на Стивен Спилберг
Рускоска во завршните зборови за “Рекет“: Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели
Случајот пред финале: Завршни зборови на „Рекет“