еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 на судењето за „Рекет“: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

За ова обвинение дознав уште на 3 април 2019 година од тогашниот премиер Зоран Заев, изјави денеска во судот Бојан Јовановски, каде сведочеше за предметот “Рекет“ во кој е првообвинет.

Со овој случај, рече Јовановски, се тргувало и Катица Јанева била уценувана или дека ќе поднесе оставка или ќе се случува тоа што ќе се случува.

Јовановски рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева го следат странски служби и дека не знае што ќе прави.

– Точно е дека сум бил симпатизер на СДСМ и дел од шарената револуција. На тој ден во мојата канцеларија ми беше соопштено дека странски обвинител има подготвено обвинение. Штета што не беше вештачен мојот телефон, да се види дека јас прв пријавувам кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал, изјави Јовановски.

Според Јовановски, предметот “Рекет“ е направен врз основа на личниот анимозитет на обвинителката Вилма Рускоска против Јанева, за личен спас на Орце Камчев, врз основа на параполициска структура и нелегално следење, од интерес на подземјето на оваа држава, како и за уривање на телевизијата ТВ1 и Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Боки 13 на судењето за “Рекет“: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 491 случаи на Ковид-19, во Скопје 232

Редакција

Предложен „празничен“ полициски час од 19 часот во сабота до 05 часот во вторник

Редакција

Ревакцинирани вкупно 503.401 граѓани: 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција