еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Бомба“ за Монструм открива дека екс министерот за правда Беџети не потпишувал екстрадиција на обвинетите од Косово

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, познато како предмет „Монструм“ на Специјалното јавно обвнителство (СЈО), продолжува на 4 октомври, откако на денешното рочиште беа сослушани 25 снимени разговори.

Сите разговори се правени по петкратното убиство, односно првиот е од 13 април. Најголем дел од разговорите се меѓу тогашни функционери и се однесуваат на текот на истрагата и екстрадицијата на обвинитите, но се слушаа и разговори со новинари, бизнисмени, па дури и гатачка.

Обвинителката Фатиме Фетаи, по денешното рочиште, рече дека треба да се има трпени и оти детална анализа на сите докази ќе има во завршен збор.

– Не можам да кажам ништо повеќе од она, значи слушнавте и самите кои се соговорници, времето кога се одвиваат разговорите, нивната содржина. Меѓутоа, деталната анализа на сите докази, на секој поединечно, на сите во склоп на една целина ќе има кога ќе дадам свој завршен збор. Во моментов не можам ништо повеќе да кажам, рече Фетаи.

На денешното рочиште беа преслушани 25 разговори, за кои обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека ги доставиле пред судот, како што им биле предадени од Зоран Заев.

Во разговор од 16 април 2012 година поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска разговараат за тоа до каде е истрагата и дали имаат траги за сторителите.

– Ќе ни треба време. Досега не сме имале ваков случај. Јас сум стално оптимист, но тешко е. Вакво нешто немало во историја на Македонија. Имало војници, но ова се деца, пет цивили никогаш немало, ни во војна, вели Јанкуловска.

Во разговор од 23.08.2013 година, Горадана Јанкулоска се консултура со поранешниот прв човек на Управата за контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков за некое барање на поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, да биде ослободен некој од обвинетите како помошници во „Монструм“, поради влошена здравстена состојба.

Истиот ден, во друг разговор, Јанкулоска зборува со Блерим Беџети, кој ја информира дека еден помагачите во “Монструм“ е сериозно болен и дека од партија му бараат да зборува за тоа.

– Бидејќи е помагач, исполнети се условите за прекин на казната, вели Беџети, на што Јанкулоска му кажува дека случајот го водела УБК и треба да зборува со Мијалков, кој е подобро запознаен со случајот.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, во разговор од 14 март 2013 година, се жали на Мијалков, дека Беџети не сакал да го потпише барањето за екстрадиција за обвинетите во „Монструм“ од Косово. Истиот ден Јанкулоска разговара со Беџети за барањето за екстрадиција.

– Имаме комуникација и таму. Се добро ќе заврши. Утре ќе биде испратен за Приштина предметот. Јас мислам нема да има проблем, ја уверува Беџети, Јанкулоска, но бара и да нема рочишта за предметот пред изборите.

На следното рочиште треба да се почне со изведување на 133.000 СМС пораки и други транскрипти.

Обвинителката Фатиме Фетаи, предложи поради големиот број докази, да не се изведувата сите, туку само оние што се од интерес на одбраната и обвинителството.

– Има многу, најдобро е да ги видиме сите и да преложиме тоа што е битно и за нас и за одбраната и тоа да го читаме. Ако читаме се, ќе ни требаат пет години, изјави Фетаи, посочувајќи дека ќе треба да се повика и Ѕвонко Костовски, за да објасни како се добиени некои од доказите, бидејќи меѓу нив имало и со ПИ мерки.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рибарот бил убиен зошто е сведок, открива Јанакиески во „бомба„ за Монструм

Адвокатката на семејствата на жртвите, Ивановска: Долго ги чекавме „бомбите„ за „Монструм“, но во нив нема ништо суштинско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција

ЕУ се договори за суспензија на визната либерализација со Русија

Редакција

(Фото) Силјановска Давкова вежба јога на Козјак: Мора да научиме да ги цениме и чуваме нашите убавини

Редакција