Новинарот Бранко Героски, кој го води порталот Плус инфо на својот Фејасбук профил соопшти дека добивал закани и опомени оти ја критикувал власта:
„Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани.
Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши…
Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај.
Марш бре, таму, лицемери едни!!!
Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров.
Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце…
Што к.р сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка?
Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!
Нема да ме замолчите!“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ: Од „Слободен печат“ да ги разјаснат причините за изнудената оставка на Героски
Бранко Героски поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“
Злате Лозановски на местото на Бранко Геровски во „Слободен печат„
Фото: Плус инфо