еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

За емисијата 24 анализа на ТВ 24, претседателот Стево Пендаровски откри дека Бугарија не бара Бугарите да бидат наведени само во Преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел.

Тој вели дека ниту една заедница во државата не е внесена во нормативниот дел на Уставот, па оттука не е можно да влезат ниту Бугарите. Во нормативниот дел на Уставот сега се споменуваат само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница.

Пендаровски рече дека Софија не зборува за „Бугари“, туку за „македонски Бугари“, што тој го толкува како враќање кон „срамната теза“ за дебугаризација на Македонија.

За него е неприфатливо во преговарачката рамка со ЕУ да влезат историски прашања и оспорување на јазикот.

„Никакво чепкање и ревизија на историјата. Јазик и историја не! Ќе има комисија, но напредокот во нејзината работа на ниту еден начин нема да биде предуслов за напредок кон ЕУ“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА: Пендаровски до Бугарската православна црква

Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-галерија): Секоја чест за екипата што денес извади 50 автомобилски гуми од реката Вардар

Редакција

Џафери: Партиите нека постигнат консензус, па ќе ја исполнам мојата уставна обврска

Редакција

Уставен суд: Одлуката за задржување на висината на платите на функционерите е донесена едногласно

Редакција