еМагазин
Image default
Македонија

Бугарското МНР се огради од скандалозното видео на Џамбаски и го оцени како несоодветно

Министерството за надворешни работи на Бугарија смета дека предизборното видео на европратеникот Ангел Џамбаски е несоодветно. Ова се нведува во соопштението по добиената белешка од Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија во врска со предизборното видео на Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота за видеото на бугарскиот европратеник Џамбаски

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

-Пораките изразени на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската Влада. Бугарија нема територијални претензии кон другите земји и тоа постојано се изјаснуваше, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Од бугарското МНР забележуваат дека видеото на Џамбаски доаѓа „по тридневно молчење од страна на Владата на Република Северна Македонија, која ја повикавме да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација Меѓународен институт за Блискоисточни и балкански студии“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Немаме никаква поврзаност со ИФИМЕС, несоодветно е повикувањето на македонскиот амбасадор во бугарскто МНР

Што пишува во анализата на ИФИМЕС, за која македонскиот амбасадор во Софија беше повикан во бугарското МНР

-Владата во Скопје не само што не ги осуди предметните публикации, туку го нарече институтот („Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии“) „реномиран“, кој лажно нападна две земји – членки на ЕУ: Бугарија и Германија.

На Република Северна Македонија на бугарскиот демарш по повод словенечката невладина организација, што сведочи до кој степен властите во оваа земја – кандидат за Европската унија го толерираат плурализмот и правото на слободно изразување на мислење, се вели во соопштението.

МИА/Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Се пријавив за вакцинација, ќе ја примам вакцината што ќе биде достапна во тој момент

Редакција

Трета доза може да примаат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Редакција

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ нов амбасадор во Црна Гора, Виктор Димовски во Франција

Редакција