еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Царинската управа отвори истрага за Александар Трајковски кој беше фотографиран со Груевски во Будимпешта

Царинската управа на Република Македонија соопшти дека отворила истрага за отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување, беше фотографиран од новинар на Гардијан во Будимпешта со поранешниот македонски премиер, бегалецот Никола Груевски.

Царинската управа соопшти дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството и тој доставил извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство.

Исто така, отворена е истрага и  побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.

„Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор. За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, медиумите ќе бидат навремено информирани“, се наведува во соопштението.

Александар Трајковски, е советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.

Тој вчера изјави дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. Во Будимпешта заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „збесна“ за синусите на Александар Трајковски: „Д-р Груевски врши преглед на простата секој вторник и четврток“

Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски тврди дека бил во Будимпешта на преглед за синусите и дишните патишта

Трајковски без коментар за фотографијата со Груевски во Будимпешта

Фото: Гардијан/Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мајката на Верица Белчовска доби вработување во канцеларијата на Заев во Струмица

Редакција

Кај едно семејство од 10 позитивни на корона вирусот, само еден е со симптоми

Редакција

„Машинокоп“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ на јаглен за РЕК Битола вреден 5,3 милиони евра

Редакција